Monday, November 16, 2009

Информатика

ROM (англиски: Read-Only Memory) меморијата, е компјутерска меморија од која може само да се чита. Основна карактеристика на оваа меморија е дека таа не ги губи податоците и по исклучувањето на компјутерот, а невозможноста за изменување е последица на технички ограничувања и потреба за заштите на содржината.
ROM меморијата обично се користи за фирмвер - инструкции или податоци кои се потребни за уредот веднаш по вклучувањето и/или без можност за вчитување од некој друг извор (пр. секундарна меморија).
RAM меморија (англискиот: Random Access Memory / меморија со случаен пристап), внатрешна меморија на компјутерот, која се губи кога ќе се исклучи компјутерот, а во меѓувреме, сите операции кои се одвиваат со меморијата се одвиваат во неа. Сите програми кои се стартуваат мора да се вчитаат во RAM меморијата, а ако нема доволно простор и во т.н. Swap датотека.

No comments:

Post a Comment